Лоши работи поволни за здравјето!

Објавено на 30 март, 2013 во 10:56

Иако сте слушнале дека предолгото излежување на сонце предизвикува рак на кожата па избегнувате сончање, или пак ги избегнувате заситените масти или воопшто не јадете месо, јајца, маргарин, сепак можеби ќе се изненадите дека токму овие „лоши“ работи се добри за организмот.

1. Сонце

Ставот дека изложувањето на кожата на природно сончево зрачење може да предизвика рак не оддалечи од сонцето. Претераното изложување на сонце, особено кога телото има недостиг на антиоксиданси, може да предизвика сериозни изгореници. Меѓутоа, природната сончева светлина е пресудна за производство на витамин Д во телото, а создавањето на овој многу важен витамин е блокирано ако користите креми за сончање.

Изложувањето на кожата 15 минути дневно во текот на летото (откако постепено сте ја навикнале на изложување на сонце) е доволно за создавање оптимално ниво на витамин Д во телото. Начинот на кој можете да изградите толеранција на природно изложување на сонце вклучува и намирници богати со антиоксиданси.

2. Заситени масти

Изразот „без заситени масти“ стана ознака на „здраво“, а вистината е сосема поинаква. Голем дел од човековиот мозок, е утврдено дека се состои од маснотии, а постојаниот внес на заситени маснотии е неопходен за да остане мозокот во топ форма. Освен тоа, заситените масти ги намалуваат кардиоваскуларните ризици и подобрување на состојбата на коските, нервите и имунолошкиот систем.

3. Нечистотија

Општо е прифатено дека нечистотијата предизвикува болести, што доведе до тоа многу родители претерано да ги штитат своите деца. Нечистотијата, секако во одредена мерка, е всушност и корисна и неопходна за правилен развој на имунолошкиот систем. Содржи микроорганизми и други природни елементи кои го подобруваат здравјето.

4. Холестерол

Слично како и кај заситените масти, холестеролот е уште едно „страшило“, а всушност е добар за здравјето. На мозокот и на другите органи им е потребен холестерол за да функционираат, а недостигот на холестерол може да доведе до деменција и разни други когнитивни абнормалности. Високото ниво на холестерол кои се јавува при воспаление е предизвикан од други елементи – холестеролот е всушност средство со кое телото ја поправа штетата предизвикана од хроничното воспаление.

5. Месо, млечни производи, јајца

Не изненадува што месото, млечните производи и јајцата се на црната листа како и холестеролот и заситените масти. Сепак, тука треба да се раздвои природното од индустриски преработеното. Ако станува збор за животни кои слободно пасат, кои не се изложени со разни хемиски средства и антибиотици, нивното месо, млечните производи и јајца можат да бидат корисни за изработка на мускулна маса, мозокот и јакнење на имунитетот.

Таквото месо има два до четири пати повеќе омега-3 масни киселини од месото на животните кои јадат житарки. Луѓето кои имаат доволна количина омега-3 масни киселини во исхраната помалку страдаат од висок крвен притисок или неправилна работа на срцето. Исто така имаат 50 отсто помали шанси за срцев удар, депресија, биполарно пореметување, дефицит на внимание (хиперактивност), Алцхајмерова болест, како и помал ризик од рак.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.