Тестенините и зеленчукот можат да го намалат ризикот од мозочен удар!

Објавено на 3 април, 2013 во 16:41

Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од мозочен удар а тоа може да се спречи со внесување на влакна во исхраната.

Интегралните тестенини, сосот од зеленчук и салати во еден оброк можат да го намалат ризикот од мозочен удар,потврдија научниците од универзитетот Лидс.

И тестенините и зеленчукот се богати со диетални влакна кои го намалуваат крвниот притисок и лошите маснотии во крвта со што спречуваат мозочен удар.

Научниците пресметале овој вид на оброк за 7 отсто ги намалува можностите на болеста.

Диеталните влакна се наоѓаат во житарките, овошјето, зеленчукот и коскените плодови.Дневна препорачана доза на влакна е околу 7 грама а ќе ги имате во вашиот организам ако изедете една порција интегрални тестенини или други житарки и по две порции овошје и зеленчук.

Правилното внесување на влакнеста храна посебно е важено за луѓе кои имаат ризик од мозочен удар, пушат или имаат висок крвен притисок, објаснува изработувачката на студијата, Дијана Триплтон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.