Со храна против опаѓање на косата!
Освен ако не е во прашање болест можно е да се забави опаѓањето на косата и да се зајакнат влакната со едноставна промена на режимот на исхрана.
Пред да земете некој од препаратите, со кои козметичкиот и фармацевтскиот пазар се преплавени, видете која храна го спречува опаѓањето на косата и ја прави посилна и поотпорна.
1. Храна богата со витамин Б
Го забавува опаѓањето на косата и нејзиното стареење, ја одложува појавата на бели влакна, го забрзува растот и влијае на сјаен и здрав изглед на косата. За да постигнете ефекти јадете риба, зеленчук, дроб, млечни производи, семки од сончоглед и оревести плодови, потоа грав, јајца, печурки и житарки.
2.Храна богата со протеини
Протеините се неопходна состојка во човечката исхрана и помагаат при обновување на енергијата како и во лечење на прекумерното опаѓање на косата. Протеините ќе ги најдете во јајцата, гравот, пивскиот квасец, млечните производи, витамини, како и железото кое помага во одржување на косата да биде здрава и јака.
3. Храна богата со Омега-3 масни киселини
Омега – 3 масните киселини се важна состојка за нашето севкупно здравје па така и за здравјето на косата. Тие се одличен борец против слабата и сува коса, прекумерното опаѓање, првут и слаба циркулација на кожата на главата. Јадете: лосос, сардина, харинга, скуша потоа житарки, ореви и соја.
4.Храна богата со цинк
Цинкот помага во балансирање на нивото на хормоните во телото како и во изградбата на ќелиите и правилно користење на протеините се што е неопходно за здрав и правилен раст на косата. Обезбедете си доволно цинк и јадете: школки, шкампи, црвено месо, спанаќ, брокула, кајсии и ореви.
