Зошто се прекинува диетата?
Жените најмногу може да ги поколеба чоколадата, бисквитот и лебот, диетата ја прекинуваат заради недостаток на воља, а половина од нив на партнерот не сакаат да му признаат дека се откажале.
Две третини од жените признаваат дека само бараат изговори за да ја прекинат диетата а 84 насто од нив се откажале и порано отколку што мислеле, покажала студијата на британската компанија British Lion Eggs спроведена на 2000 луѓе. Припадничките на поубавиот пол во просек годишно четири пати се на диета а издржуваат најмногу три недели.
Скоро половината од нив не сакаат да признаат дека се откажале од диетата ,па тоа го кријат дури и од партнерот но и од семејството, пишува Дејли Мејл. Најчести причини за прекин на диетата се лош ден, недостаток на воља и роденден а најмногу може да ги поколебаат чоколадата, бисквитите, колачите, лебот и чипсот. Многу жени признаваат дека нивното слабеење би било многу поуспешно ако се хранеле поздраво наместо да прекинат да се хранат со поедини производи.
– „Иако се упорни во желбата да ослабат, жените не можат да одолеат на сите искушенија. Некои се трудат, додека други гледаат само изговори,“истакнаа од компанијата British Lion Eggs.
