Што е поштетно солариум или сончеви зраци?
Сончањето е штетно на кој и да било начин. Но ако мислите дека сончањето во солариум е поопасно од сончањето на сонце,потполно сте во право.
Имено,новата студија објавена во британскиот весник British Journal of Dermatology вели дека ризикот од рак на кожата поради солариум е два пати поголем отколку истото време поминато на летното сонце точно напладне.
Научниците од Универзитетот од гардот Данди во Шкотска објасниле:Зголеменото производство на силните ламби за сончање ги изложува младите на уште поголем степен на ризик од рак на кожата отколку што мислевме пред тоа. Овој тим исто така открил дека ризикот од рак на кожата е шест пати поголем кога станува збор за солариум отколку на директно изложување на секојдневното сонце,пишува Cosmopolitan.
Ако овие малку информации не ве исплашат повторно да користете солариум не знаеме што друго би можело. Можеби тоа дека Светската здравствена организација тврди дека солариумот е штетен исто колку и цигарите а тие се прогласени за најголем предизвикувач на ракот!За жал истражувањето покажало дека и покрај предупредувањата,употреба на солариум и понатаму е во пораст дури и во државите каде владата го забрани нивното користење за помлади од 18 години
Со оглед на бројните лош страни на солариумот секако би требало да го избегнувате. Ако сакате да имате темен тен тогаш подобро одлучете се за сончање на сонце – секако попладне,кога сонцето е послабо и со задолжителна висока заштита.
