Здрави факти за пешачењето!

Објавено на 28 јуни, 2013 во 09:07

Пешачењето е најприроден и најлесен вид на движење кое ќе ви обезбеди здравје на целото тело.

Редовното пешачење има позитивни ефекти на нашето психичко и физичко здравје. Пешачењето е вид на вежбање за кое не ви треба пари. Се што ви е потребно е време,волја и адекватни обувки.

 

1. Секојдневното одење од 30 минути го намалува нивото на LDL холестерол а го зголемува нивото на HDL холестерол во нашето тело.

2. Одењето ја спречува остеопорозата и срцевиот удар а исто така го нормализира и високиот крвен притисок.

3. Пешачењето е исто така корисно за намалување на дијабетес тип 2.

4. Дневното одење помага во одржување на нашата телесна тежина на нормално ниво и ја спречува дебелината правејќи не здрави и физички активни.

5. Одењето е корисно особено за срцевите болни а добро е бидејќи ги прави физички активни без преголем напор.

6. Дневното одење е исто така корисно за намалување на ризикот од рак.

7. Останатите фактори како здрава исхрана,престанок со пушењето и чистотата исто така делуваат позитивно на нашето тело.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.