Оревите го симнуваат холестеролот подобро од било која друга таблета!
Може ли консумирањето на ореви да биде клуч за здраво срце? Новото истражување покажува дека консумацијата на шака ореви дава моментална заштита од болести на срцето. Редовното земање би дало трајна заштита.
Научниците забележале трајно подобрување на нивото на холестерол и флексибилност на крвните садови што помага за добар проток на крвта,само четири часа откако луѓето консумирале ореви или ореово масло. Истражувањето покажува дека редовната консумација би штитела долгорочно од кардиоваскуларнит болести.
‘И само една шака ореви или ореово масло четири дена во неделата може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања“,изјавила др.Пени Крис-Етертон,професорка по нутриционизам на Пен Стејт Универзитетот во Пенсилванија. Ова истражување прво идентифицирало кој дел од оревите дава најголема здравствена корист. И само една консумација на три лажици ореово масло ја подобрува состојбата на крвните садови веќе после четири часа.
Маслото од ореви се покажало особено добро за чување на функцијата на ендотелијалните ќелии. Станува збор за ќелии кои ги обложуваат крвните садови и играат важна улога во нивната флексибилност. Оревите помагаат омега 3 масните киселини,растителните стероли и витаминот а сето наведено го намалува холестеролот и ги штити крвните садови.
