Еве како да го лекувате убодот од комарец!

Објавено на 14 јули, 2013 во 08:01

Иритирачки се убодите од комарци  кои го спречуваат уживањето во летните ноќи и престојот на отворено. Најактивни се во зора и на зајдисонце поради што и најверојатно ќе ве боцнат. Убодот од комарци не смеете да го чешате бидејќи тогаш ќе стане полошо.

Постојат природни лекови кои се одлични за сите возрасти,вклучувајќи ги и децата а најдобро од се е што неколку од нив сигурно ги имате во својата кујна.

Оцет – Најдобро би било кога би користеле јаболков оцет. Натопете вата со малку оцет и ставете ја на местото на убодот. После неколку минути ќе почувствувате олеснување.

Алое Вера – крие разни лековити својства а се покажала одлично и кај ублажувањето на убоди од инсекти. Нанесете малку гел,сок или пак свеж лист од ена на местото на убодот бидејќи освен што ќе го ублажите чешањето и пецкањето,ќе го забрзате опоравувањето на кожата од убодот.

Кромид – Ставете малку свеж кромид на местото на убодот,држете неколку минути додека не се намалат чешањето и пецкањето а потоа измијте со вода.

Паста за заби – Пеперминтот од пастата за заби ја лади кожата што дефинитивно ќе ви одговара кај убодот. Нанесете малку паста за заби и држете додека пастата скроз не се исуши а потоа измијте со вода.

Мед – Мала количина на мед ставете на местото на убодот.Антимикробните својства на медот ќе ја спречат инфекцијата но и ќе го намалат чешањето.

Лимон – исцедете малку сок од лимон на местото на убодот за да го ублажите чувството на чешање и пецкање. Исто така можете местото на убодот да го триете со кора од лимон и дејството ќе биде исто.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.