Како најдобро да се ублажи гладта во лето?
Објавено на 17 јули, 2013 во 08:58
Како создадени за летните горештини, оброците во чаша се вистинска сензација.
Освен што содржат многу здрави и свежи производи лесно се варат, а нутритивната вредност им е толку висока што можат да се консумираат како посебен оброк наместо појадок или вечера.
Шејк од јогурт,малина и чоколада
Состојки:
Пола шоља соино или бадемово млеко, 1 јогурт,1 шоља малини, пола шоља рендана чоколада,1 рака мраз и неколку капки екстракт од ванила.
Подготовка :
Во блендер ставете го млекото,јогурт,екстрактот ванила,чоколада и свежи малини и додадете мраз. Се добро измиксајте околу 1 минута.
Напивката прелејте ја во чаша и уживајте во густо,освежителниот оброк.
