И електронските цигари се штетни!

Објавено на 3 септември, 2014 во 08:26

Предупредувањата на експертите од поодамна се дека електронските цигари е се толку безопасни како што се мисли и како што истите се претставуваат.

Американски научници тврдат дека електронските цигари можат да содржат поголеми количини на одредени отрови од обичните цигари.

Истражувачи од Универзитетот во Јужна Калифорнија откријаа дека електронските цигари содржат пареа од отровниот хемиски елемент хром, кој го нема во традиционалните цигари, како и дека електронските цигари содржат четири пати повеќе никел отколку традиционалните цигари.

Електронските цигари исто така содржат олово, цинк и други отровни метали, иако во пониски количини од обичните цигари. Меѓутоа, ако бирате меѓу едните и другите, подобро би било и покрај се да одберете електронска цигара.

Професорот Константинос од Универзитетот во Јужна Калифорнија изјави дека, кога ќе се земе во целост, електронските цигари сепак содржат помалку штетни материи од традиционалните. Се на се, електронските цигари се сепак подобар избор, но далеку од тоа дека не се штетни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.