Благодетот на сувите смокви
Четири суви смокви на ден обезбедуваат една четвртина дневно од препорачаната количина на железо за заштита од анемија (слабокрвност), но и доволна доза на есенцијални масни киселини кои нашиот организам го бранат од несаканиот холестерол.
За да го постигнете максималниот ефект, смоквите јадете ги со свежо исцеден сок од портокал, бидејќи тој е полн со витамин Ц кој ја подобрува апсорпцијата на железото од храната.
Сувите смокви се одличен извор и на други минерали: освен железо (содржат 3,07 мг на 100 г, а свежите смокви содржат 0,4 мг на 100 г), изобилуваат и со бакар, цинк, селен, манган, калциум и калиум (дури 640 мг на 100 г). Калиумот помага во одржување на нормалниот ритам на работењето на срцето и крвниот притисок.
Интересни се и резултатите на истражувањето кои покажуваат дека есенцијалните масни киселини омега-3 и омега-6 и фитостерол во сувите смокви можат да влијаат на намалување на вредностите на лошиот (ЛДЛ) холестерол во крвта.
