Рецепт за домашна боза – вкусна и освежителна

Објавено на 4 септември, 2014 во 08:27

Ако сакате да пробате вкусна боза, направете си ја дома.

Во голем лонец ставете 1 кг пченкарно брашно со 10 литри млака вода.

Оставете го лонецот да преноќи. Следниот ден ставете го на тивок оган да се готви околу 2 часа. За време на готвењето потребно е почесто да се меша смесата со дрвена лажица.

Настрана во еден филџан издробете 50 г.квасец во млака вода и оставете го да стаса. Кога квасецот ќе се удвои додајте го и него во лонецот па убаво промешајте. Смесата процедете ја низ газа и по желба засладете. Кога бозата ќе излади, преточете ја во чисти шишиња кои ќе ги чувате на ладно.

Ако оваа количина ви е голема, тогаш состојките намалете ги зошто бозата треба да се испие во следните неколку дена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.