Осумчасовна диета

Објавено на 5 септември, 2014 во 06:46

Од еден до четири килограми помалку неделно јадејќи ја храната која ја сакате и осумчасовна диета е план за слабеење на Давид Зинчек и Питер Мур. Со ова диета, Давид ветува дека може да се симнат килограмите јадејќи ја храна која ја сакаме.

Забрането прејадување

Во ова диета нема забранета храна, но не дозволувајте храната да биде изговор за да се прејадете. Јадете онолку колку што Ви одговара, али не претерувајте со количината на храна. Она што не се препорачува се благите сокови, но тоа не значи дека не смеат да се пијат, можат но умерено.

Јадете ја здравата храна, а намалете го внесувањето на индустриската храна

За разлика од другите диети тука се грицките допуштени, и можат да се јадат често во текот на осумчасовна диета. Но кога станува збор за грицките се однесува на здрави грицки (семки од тиква, ореви, бадеми, лешници, сувото овошје наместо чипс, солени грисини … ). Пораката е да се јаде повеќе природна и здрава храна и избегнување на индустриските производи. Во ова диета навистина можете да јадете се што ќе посакате, но само осум часа дневно, а потоа нема јадење!

Идеални осум часа

Се смета дека идеален период е од 9:00 до 17:00 часа, меѓутоа во праксата период од 8:00 до 16:00 или 10:00 до 18:00 не е несекојдневен. Кој и да изберете период,единствена и најосновна работа е да во склоп на тој период изедете сите планирани дневни калории. Значи интервалот може да се прилагоди со Вашиот дневен распоред и може да биде различен во различните дена во текот на неделата. Диетата треба да ја започнете со три дена во неделата со осумчасовен распоред на внесување на храната, а со текот на време зголемете ја на сите седум дена.

Кога утринскиот појадок ќе задоцни

Поради голем број на обврски не можете да најдете време за утрински појадок и почеток на осумчасовен период на исхрана. Постои решение. Испијте чај или јогурт и кога ќе ви се укажи слободно време, почнете со осумчасовен циклус на јадење. Доколку не можете да јадете пред 10 часа на сабајле, обидете се да во 8 часа попиете нешто (чај, јогурт, млеко, свежо цеден сок), завршете ги обврските и во 10 појадувајте

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.