Ова е храната која ја негува вашата коса

Објавено на 5 септември, 2014 во 07:32

Со правилна исхрана ја забрзуваме работата на фоликулите кои се задолжени за производство на коса. 0д правилната исхрана зависи и квалитетот на косата кој овие фоликули ќе го произведат – кога нема доволно материи за нормално производство на коса влакното е се полош квалитет и растот на косата е забавен.

Косата во главно се состои од протеини па во исхраната треба да има доволно количини на протеини од месо,се препорачува,пилешко,мисиркино,зеленчук,јајца..

Доволно внесување на витамини е неопходно и тоа следните :

– A (млеко,путер,јајца,телешки дроб,рибино масло)

– Д (путер,маргарин,млеко,морска риба)

– E (растителни масла,маргарин,кикирики,ореви,семки од сончоглед)

– K (зелка,карфиол,прокељ,спанаќ,коприва)

– Б (месо,млеко,ореви,компир,суви сливи,суво грозје,пченка,авокадо)

– Ц важен заради колагенот кој го поттикнува растот на косата.

Покај наброените витамини железото е важен елемент во исхраната кога сакате за ја зачувате убавата коса а производи кои го содржат се месо,јајца,пилешко,риба,соја,тиква,грашок и смокви. Цинкот е исто така важен а го има во црното чоколадо,какаото,посното месо,рибата….

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.