„Зелена голтка“ – моќник кој го освежува телото и убива глад

Објавено на 5 септември, 2014 во 10:08

Состојки:

 

3 грста свеж спанаќ

1 грст малини или јагоди

1 краставица ( доколку е домашна, задолжително користете ја и лушпата)

Еден исцеден портокал или половина исцеден лимон

Свежи листови од нане

Подготовка:

Измијте го овошјето и зеленчукот и ставете го во блендер. Сокот од лимон или портокал и нането не ги ставајте во блендерот. Мешајте додека смесата не стане течна. Потоа додадете го исцедениот сок и листовите од нане.

По желба, можете да ставите и неколку коцки мраз. Овој здрав пијалок  најдобро е да го конзумирате како меѓуоброк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.