Зеленчук кој го уништува целулитот

Објавено на 6 септември, 2014 во 08:20

Зеленчукот содржи многу витамини и минерали.

1. Сладок компир

Еден од најстариот зеленчук кој го познава човекот воедно е и најхранливиот и најздравиот зеленчук кој е идеален во борбата против целулитот. Содржи калиум, витамини Ц и Е, како и бета каротен. Воопшто, слаткиот компир е број еден зеленчук во подобрување на циркулацијата и елиминацијата на токсини – две нaјважни работи кога сакате да го отстраните целулитот.

2. Брокули

Овој зеленчук со зелена боја е одличен борец против целулитот поради три причини: прво, брокулата содржи алфа липоична киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехрамбени влакна. Конечно, брокулата е еден од најдобрите извори на калциум, одличен борец против целулитот.

Прокељ

Прокељот е одличен против целулит. Конзумирање на зелен лиснат зеленчук, во кој спаѓа и прокељот, е одличен сојузиник во бробата против целулитот. Овој зеленчук, освен витамин Ц, содржи и материја која се вика индол-3-карбинол (I3C), која кога ќе се изеде, во организмот се претвара во ди-индолил метан (DIM). DIM помага ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естроген, штетни материи кои исто така се одговорни за губитокот на квалитетот на колагенот.

И на крај, не заборавајте дека во бробата против целулитот, со правилна исхрана и доволно вода, помага и физичката активност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.