Препознајте ги симптомите на мозочниот удар

Објавено на 20 септември, 2014 во 07:57

Брзото делување во случај на мозочниот удар може да Ве спаси од тешките оштетувања, па дури и од смртта. Кај ваквите ситуации битна е секоја минута.

Мозочниот удар е состојба на намалената циркулација на крвта во мозокот, поради што доаѓа до ненадејното губење на мозочните функции.

Како да ги препознаете симптомите?

Лицето – олабавеност

Дали едната страна на лицето не реагира? Кажете и на личноста да се насмее. Дали е насмевката е неуедначена?

Рацете – слабост

Дали една рака е послаба или во неа нема осет? Речете и на личноста да ги крени двете раце. Дали и паѓа едната рака?

Тешкотии при зборувањето

Дали е зборувањето нејасно? Личноста не може да зборува или е тешко да ја разберете? Замолете ја личноста да ја кажи едноставна реченица и дали ќе ја кажи како што треба?

Најчести симптоми на мозочен удар се:

-здрвеност, слабост или укоченост на лицето, рацете нозете или целата половина на телото.

– Пореметување во говорот, неразбирливо и отежано зборување или потполна неможност за зборување.

– Ненадејно замаглување на видното поле во целост или делумно, или губење на видот најчесто на едното око.

-Ненадејна силна главоболка пратена со повраќање без јасна  причина.

-вртоглавици, губење на рамнотежа поврзано со другите симптоми.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.