Зависни сте од лабело?
Кога времето е студено и ветровите, усните се постојано изложени на сушење па најверојатно лабелото постајно ви е врака.
Според козметичкиот хемичар Пери Романовски,лабелото ви прави да бидете зависни од него исто како и со цигарите. Оваа хемиска зависност исто делува на мозокот, но може да се сведе и на тоа дека ова е веќе присвоена навика.
„Кога ставате балсам, на почетокот вашите усни се чувствуваат подобро, но кога ќе исчезне, вашата кожа ќе биде повторно сува и нема да има доволно време да се обнови. Затоа нанесувате уште балсам, и кога ќе се потроши, нанесувате повторно. На тој начин станувате зависни,тоа е своевидна психолошка навика.“ вели Романовски.
Меѓутоа, постои и уште едно објаснување – некои балсами за усни содржат одредени супстанци како што се антисептичката хемикалија фенол и пеперминтот кој делуваат иритирачки и можат само повеќе да ја сушат вашата кожа на усните, а вие постојано да нанесувате нов слој.
