Ѓумбир – лековити својства и примена

Објавено на 22 септември, 2014 во 08:15

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.

Подготовка на чај од свеж ѓумбир:

Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.

Подготовка на чај од ѓумбир во прав:

Во една шолја зовриена вода додајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав. Покријте ја шолјата и оставете ја течноста да олади 10-15 минути пред пиење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.