Бреза – дрво кое лекува
Брезата е најмногу ценета како диуретик и се користи против камен во бубрезите и болките во бубрезите. Го поттикнува потењето и ги лекува болестите на бешиката. Листовите на брезата го намалуваат холестеролот, ја чисти крвта и делуваат против болестите на црниот дроб. Срцевите едеми предизвикани од ослабената циркулација, артериска хипертензија и атеросклероза исто така се лекуваат со помош на брезата.
Брезата се препорачува и во лекувањето на грипот, настинката и хроничното воспаление на синусите. Ја намалува температурата, главоболката и го зајакнува имунитетот. Чаевите од листот на брезата се одлични против високиот крвен притисок Брезата се употребува и кај болестите предизвикани од радијација. Чаевите од листовите и од пупките успешно го подмладуваат ткивото и го забрзуваат зацелувањето без лузни дури и длабоките рани. Брезата исто така ја подобрува концентрацијата и ја изострува, го зајакнува вниманието и го зајакнува организмот.
Производите од брезата можат да се користат локално и орално. Во лекувањето се користат производите од листовите на брезата, пупките, кората и сокот, а значајни се и нејзината смола и јаглен. Најдобро е да се собираат во пролет кога лековитите супстанци се најактивни. Берете ги најкрупните пупки и најмеките листови. За да го соберете сокот, во пролет исечете една гранка. Доколку е доволно голема може да даде четири до пет литри.Кората вадете ја така да се природно одвојува, во кружните траки.
Листовите на брезата
Листовите на брезата имаат силно диуретско делување. Сувите се користат како чај за болестите кои настануваат поради вишокот на водата, а младите листови можат да се користат за салата.
Брезата од организмот ја отстранува вишокот на водата, токсините и мочната киселина. Тоа предизвикува отстранување на целулит и слабеење и ја затегнува кожата и ткивата. Но, тука лековитоста на брезата не застанува. За оние кои не се запознаени, според руските стручњаци, таа дава позитивна енергија.
