Што точно се случува во телото ако секојдневно пиете по 2 литри вода?
15.04.2021
Човечкото тело се состои 60 проценти од вода, па неопходно е да се одржува здравјето преку пиење најмалку 2 литри вода секој ден.
Докторката Даша Фелдер за Femail истакна дека повеќето возрасни луѓе треба да пијат меѓу 2,5 литри и 3 литри вода дневно за да одржат оптимална хидратација. Истакнува дека водата помага во хидрирање на бубрезите, го подобрува варењето и здравјето на цревата, ја подмладува кожата и го намалува уморот.
„Губиме многу вода со пиење пијалаци со кофеин, како чаеви и кафе, како и преку ноќ кога спиеме, па важно е да го надополниме тоа во текот на денот“, вели таа и објасни што точно се случува во телото ако секој ден пиете по два литри вода.
Ги одржувате бубрезите здрави и ги исфрлате токсините
Докторката вели дека хидратацијата на бубрезите е првиот чекор кон останатите придобивки од пиењето вода.
„Функцијата на бубрезите е многу важна за метаболизмот и исфрлањето токсини. Бубрезите се исклучително чувствителни и мала количина вода може да влијае на нивната функционалност“, тврди таа.
Ако штетните токсини не се исфрлат, тоа може да доведе до умор, главоболки и недостаток на концентрација.
Ја подобрувате или одржувате кожата здрава
Водата ја лекува кожата од внатре, а докторката вели дека кај жените пиењето вода е важно бидејќи може да ја подмлади кожата со што ќе се намали појавата на брчки.
Ги зголемува силата и концентрацијата
Наместо да посегнете по кафе, пијте повеќе вода бидејќи тоа ќе го стимулира мозокот и ќе овозможи подобро да функционира.
Пиењето вода во текот на денот може да ги подобри телесните перформанси во текот на вежбањето.
Ги подобрувате варењето и здравјето на цревата
Пиењето вода е значително важно за целокупниот дигестивен систем.
„Дури и ако јадете многу влакна и зелен зеленчук, мора да пиете вода за да минат хранливите состојки низ системот. Без вода храната не може да се движи низ цревата, а тоа често доведува до запек“, објасни Фелдер.
Доволна количина вода ќе обезбеди правилно функционирање на цревата.
Мите Јаначков