Земјата веќе има 8.000.000.000 жители
Објавено на 15 ноември, 2022 во 12:30
ПЛАНЕТАТА Земја штотуку доби осум милијарди жители.
Глобалниот раст на населението, инаку, падна под еден процент во 2020 година, така што расте со најбавно темпо од 1950 година.
Според проекциите на ОН, светската популација се очекува да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 година и врв од околу 10,4 милијарди луѓе во текот на 80-тите години на 21 век. Се предвидува дека на тоа ниво ќе остане до 2100 година.
– Да се дојде до осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но е и голем ризик за нашата иднина – изјави Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН.