Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

soobrakajkaGolozinci fin

14.08.2020

Две возрасни лица со две малолетни деца во првиот и три возрасни лица во вториот автомобил се поведени доцна попладнево во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Чашка – село Голозинци.

Итната медицинска помош на Здравен дом Велес интервенирала со две медицински екипи. Според д-р Васе Пановска Поп Стефанова, началник на Итна помош, на повредените им е укажана прва помош и се пренесени во Општа болница Велес.

- Повредените деца А.М и Љ.М се на возраст помеѓу три и четири години. Тие имале повреди и отворени рани  на главата но се со стабилни параметри. Повредените деца и возрасни во сообраќајната незгода се транспортирани на Хирушки амбуланти на Општа болница Велес, додаде д-р Пановска Поп Стефанова.

- По укажана лекарска помош двете малолетни деца во моментов се транспортираат кон Ургентниот центар во Скопје, информираше д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Уште едно дете е задржано на лекување во велешка болница. Вечерва.под опсервација на специјалистите по хирушки болести ќе бидат и сите возрасни повредени лица. Меѓу нив има и бремена жена. Засега нивната здравствена состојба е стабилна /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново