Росоманец и кавадарчанка пријавиле злоупотребени фотографии од малолетни ќерки со навредливи содржини на Фејсбук
Објавено: 24 септември, 2026, во 14:21 часот
Две пријави за злоупотреби со објавување на фотографии и напишани навредливи содржини за две малолетни девојчиња се случиле вчера на социјалните мрежи. Во полициска станица Кавадарци првата ја пријавила мајка од Кавадарци а втората татко од Росоман.
„На 23.09.2026 во 11:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Н.Ј.(32) од Кавадарци. Претходно, 45-годишен росоманец пријавил дека на профил на социјална мрежа, Н.Ј. објавил слика од неговата малолетна ќерка под која стоел текст со навредлива содржина. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
„На 23.09.2026 во 10:35 часот во ОВР Кавадарци, 40-годишна кавадарчанка пријави дека на профил на социјална мрежа биле објавени фотографии од профилот нејзината малолетна ќерка и биле споделени објави каде имало коментари со недолична содржина во кои таа била именувана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
