Хемиското училиште во Велес преку проект поттикнува хуманост за граѓаните и социјализација на учениците

Објавено на 24 март, 2021 во 14:10

164280986 194525822134797 4235047588791062240 n

24.03.2021

Рачно изработени шолчиња, дуксери со различен дизајн како и друштвена игри Farkle, беа дел од активностите кои учениците од Средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес, сами ги изработуваат во склоп на проектот „Хуманост на дело“ . Овие производи се продаваат по симболична цена и секој граѓанин може да ги купи од училиштето но и онлајн преку фејсбук страницата.

164891439 950773885726988 4699486161366139904 n

– Денеска имавме промоција на дуксери, мала модна ревија. Секој дизајн на дуксерите е различен но доколку некој сака да купи од нашите производи може да направи и порачка по желба. Направивме промоција и на шолчињата кои исто така се со посебен дизајн и се наменети за сите возрасни групи. На крај беше промовирана и друштвената играта Farkle , рече професорка Валентина Јовева, ментор на проектот.

164229768 276165157294048 6291896566697230344 n

Од секој купен производ, 30% од цената е наменета за ученици од истото училиште кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, додека со останатите средства повторно се набавуваат материјали . Како дополнителна активност во склоп на истиот проект за празникот „Прочка“, тие продаваа баклава и со собраните средства на пет ученици од социјално загрозени семејства им доделија санитарни пакети кои содржат дезинфекциони средства и маски со цел полесно да се справат со корона вирусот.

165121940 809177156361351 2788604542641630263 n

Целта на овој проект е и да ги зближи младите и да им укаже дека секоја нивна идеја како и нивниот труд не е залуден. Покрај изработката на различни производи тие многу често организираат и онлајн гледање на филм преку „Teams“ платформата, каде претходно на инстаграм профил преку гласање сите заедно го избираат филмот кој се проектира.

– Во рамките на проектот имаме и социјализација, целта е учениците и ученичките да се дружат но да не испаѓаат за да не го шират корона вирусот. Сега имаме полициски час, но претходно посебно за време на викенд младите се собираат по кафичи, па на овој начин тие се дружат но не со физичко присуство, додаде Јовева.

164408270 2956564271331803 2004480693149756878 n

Овој проект ќе трае се додека има заинтересираност од страна на граѓаните и учениците. Во моментот кога проектот ќе заврши собраните средства кои ќе останат ќе бидат наменети за подобрување на наставата во училиштето.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.