На Одделението за очни болести при Општата болница Велес се изведуваат операции на катаракта

Објавено: 22 септември, 2026, во 14:03 часот

Операциите на катаракта со вградување на интраокуларни леќи ги изведува прим. д-р Бисера Велковска од Универзитетската клиника за очни болести со која што Општа болница Велес има склучено договор. По комплетирањето на потребната предоперативна подготовка, во договор со ординирачкиот лекар се закажува оперативниот зафат, вели д-р Ана Марија Џунџева –портпарол на Општа болница Велес.

„Операциите на катаракта започнаа на 28 јули. Досега  се успешно оперирани 30-тина пациенти со современата PFAHO  метода и вградување на интерокуларни леќи. Пациентите се упатуваат со упат од матичен лекар за офтоматолошки преглед а операциите најчесто се изведуваат за време на викендите.“

Во текот на еден оперативен викенд најчесто се изведуваат од четири до шест операции. Доколку постоперативниот тек е уреден, пациентите се отпуштаат истиот ден.  До крајот на годината велешка Општа болница планира да изведе околу 100 операции.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.