Сончево и топло со температура до +35 степени
Објавено: 27 август, 2020, во 05:52 часот
27.08.2020
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура до 35 степени, соопштија од УХМР.
Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе биде и во следните денови.
Особено топло ќе биде за време на викендот и в понеделник, на последниот августовски ден, кога температурата се очекува да достигне до +39.


