Двајца се заразиле и двајца велешани оздравеле од Ковид 19

Објавено: 2 септември, 2020, во 13:35 часот

VelespanoramaOleto fin

2.09.2020

Кај нови двајца велешани е потврдено присуство на коронавирус во изминатите 24 часа. Покрај нив има и оздравени двајца кавадарчани, еден неготинец и четворица светиниколци.

На Инфективното одделение во велешката Општа болница во денеска се лекуваат 17 пациенти. Од нив двајца се сомнителни додека 14 се со потврден тест на вирусот.

Тројца пациенти се на кислородна поддршка.

Еден од пациентите е негативен, што значи дека има тест што покажал излеченост.

Најголем број од пациентите се на возраст помеѓу 50 и 70 години, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Освен двајца излекувани пациенти од Ковид-19 од Велес денеска Институтот за јавно здравје регистрира шест оздравени кавадарчани и четири пациенти од Свети Николе./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.