Се тепале невенчани сопружници во ходник од зграда во која живеат во Велес
Објавено: 4 септември, 2020, во 10:03 часот
03.09.2020
На тепачката и претходела подолга расправија помеѓу мажот и жената.
Тепачката помеѓу О.Ѓ.(40) и М.А.(33), двајцата од Велес, се случила вчера околу 13.30 часот во ходникот на зграда на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес.
Тие со надвикувањето и тепањето го нарушиле јавниот ред за што била побарана полициска асистенција. Тоа не била прва интервенција на полицијата. И претходно полициски службеници интервенирале на барање како на степаните така и на соседите во зградата.
По целосно документирање на последната тепачка на овој невенчан пар СВР Велес ке поднесе соодветна пријава./У.Ј
Фото: Архива на Дума.мк


