Ден без новозаразени, со еден оздравен велешани од Ковид-19 и намален број на пациенти на болничко лекување во Велес

Објавено: 4 септември, 2020, во 15:07 часот

Infektivnooddelenie fin

4.09.2020

Во последните 24 часа нема заразен велешанец со коронавирус. Во вардарски плански регион освен новоинфицираните тројца кавадарчани регистриран е по еден во Неготино и во Свети Николе соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира еден оздравен велешанец и четворица пациенти од Свети Николе.

Според информации на Општа болница Велес денеска од Инфективното одделение се испишани двајца пациенти со по два негативни тестови.

– Во моментов на одделението се лекуваат 12 пациенти и сите се позитивни на коронавирусот, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на болницата./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.