14,95 милиони долари чинат украсите поставени на новогодишна елка во Шпанија

Објавено: 4 декември, 2019, во 08:41 часот

elka fin

Елката се наоѓа во лобито на луксузниот хотел Kempinski во Марбеља, Шпанија. Елката е поставена за да го означи почетокот на празничната сезона, а нејзината вредност е поради украсите.

Дел од украсите на елката се направени и исцртани од британската дизајнерка, уметница и експерт за дијаманти Деби Вингам. Деби самата направила дури 500 од украсите, а напомош викнала и други уметници.

Елката е украсена со дијаманти, дизајнерски накит и скапоцени камења кои ја прават една од најскапите на сите времиња.
Покрај накитот од брендовите како Bulgari, Cartier Van Cleef & Arpels и Chanel, дрвото го красат и бели, црвени, розови и црни дијаманти. Како ова да не е доволно, на елката има и 3Д печатени чоколадни пауни, пердуви, шишиња парфем…

Претходно, рекордот за најскапа елка ѝ припаѓаше на елката во хотелот The Emirates Palace во Абу Даби. Ова дрво беше украсено со ракавици, ѓердани и часовници во вредност од 11 милиони долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.