Ристески: Велешани, посебно младите, се креативни луѓе затоа аплицирајте со идеи за започнување на сопствен бизнис (видео)

Објавено: 2 јули, 2026, во 15:22 часот

Утре, петок, 3јули, е последен ден кога невработените велешани кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување – подрачна единица Велес можат да аплицираат на отворената мерка од Оперативниот план за Поддшка за самовработување – претприемништво за која Владата  предвиде и стави на располагање 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра. До денеска апликации во Велес поднеле 130 невработени лица.

Станува збор за мерка која што можат да ја искористат младите над 29 години добивајќи неповратни средства  во висина од 7.000 евра за самовработување и отворање на сопствен бизнис, за млади до 29 години кои добиваат неповратни средства во висина до 10.000 евра и за невработените лица кои ќе се здружат, најмалку две лица, кои доколку се на возраст од над 29 години ќе добијат 14 000 евра или се под оваа возраст па ќе добијат 20.000 евра а доколку едното лице е под 29 а второто невработено лице над 29 годишна возраст тогаш ќе можат да добијат 17 000 евра неповратна државна помош, во денарска против вредност за формирање на фирма и започнување на сопствен бизнис. Невработените лица, повратници од странство, државата ги стимулира со поддршка од 11.000 евра за отворање на бизнис.

Интересот за спроведувањето на оваа владина мерка беше повод денеска велешката подружница (Биро за вработување) на Агенција за вработување да ја посетат заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво Даниела Димовска и заменик директорката на АВРМ Весна Пешова.

Ристески, Димовска и Пешова разговараа со раководителката и вработените на Агенцијата (Биро за вработување) во Велес, со Градоначалникот Марко Колев и пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов. Потоа одржаа и прес конференција.

Тоа што е особено важно е што годинава невработените кои аплицираат можат да имаат најмалку завршено средно образование како и што ги вклучува повратниците од странство. Финансиската поддршка не се добива како готовина на пари туку преку одобрен проект се формира фирма и се купува потребна опрема за започнување на бизнисот.

Невработените лица кои ќе добијат државна неповратна финансиска помош имаат обврска формираната фирма да ја одржуваат најмалку две години.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.