Издумани Крлевизми:„Најплиток џеб е џебот на народот“
Објавено: 3 јули, 2026, во 11:23 часот
Афористичкото и сатиричко перо на авторот Атанас Крлевски и овој петок со 10 најнови афоризми за читателската заедница на Дума.мк:
„Ако бракот ви е бал под маски, брзо ќе ви стане циркуз под маски.“
„Другиот во мене? Култ на личноста!“
„Најлесно се чисти опашката на рибата. Затоа што е чиста.“
„Денес три црни мачки ми го пресекоа патот. Кој ли ќе јаде толку колачи?“
„Првата љубов ми беше на прв поглед. Наредните, после десеттиот.“
„Секоја глупост е совршена глупост.“
„Во училиштето сите ми беа петки. Во животот ги превртев?!“
„Од злобните луѓе и ѓаволот бега.“
„Со мајка ѝ долго размислувале дали да се омажи за мене. За разводот, одлучија веднаш.“
„Најплиток џеб е џебот на народот.“
Вашиот,
Атанас Крлевски


