Снег на планинските превои
Објавено: 11 декември, 2019, во 10:46 часот
Слаб снег утринава има на неколку планински превои. АМСМ информира дека снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Крушево и Буково.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
