Издумани Крлевизми: „Полжавите се загрозен вид, а лигушите… заштитен!“

Објавено на 8 декември, 2023 во 12:56

Седум афоризми оваа недела напиша афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Негова инспирација при пишувањето се луѓето и една професија чиј производ е најзабележлив во секојдневниот живот. Прочитајте:

-„Не полемизирам со високи интелектуалци. Не паѓам толку ниско.“

-„Полжавите се загрозен вид, а лигушите… заштитен!“

-„Бракот е два цвета во цветна градина, а не во хербариум.“

-„И пет жени да стојат зад мене, јас не би бил успешен.“

-„Водете љубов! На природна база.“

-„Канцелариските глувци се мачки со девет животи.“

-„Градежништвото ни цвета. Посебно дивоградбите.“

  Афористичар

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.