Акцијаши ветерани од Македонија и од Словенија, во Рибнице на Похорје, со Меморандум озваничија взаемна соработка
Објавено: 23 септември, 2026, во 11:12 часот
Меѓуопштинското здружение на бригадири од Корошка – Словенија, Здружение на акцијаши од Скопје, Здружение на акцијаши „Пат на младоста“ – Штип и Здружение „Велешки акцијаши“ – Велес, во словенечката општина Рибнице на Пахорје потпишаа Меморандум за соработка и одржување на пријателски односи.

Четирите граѓански организации чија мисија е да го промовираат поранешното младинско движење поточно доброволна работа и акцијаштво на просторите на поранешната држава, СФР Југославија, како и да го јакнат волонтерство во интерес на граѓаните во локалната заедница се обврзаа да соработуваат и да се поддржуваат преку работа на проекти. Исто така да се покануваат на од нив организирани собири, годишнини и манифестации , да разменуваат искуства и споделуваат информации на веб страниците и на социјалните мрежи.
-Меморандумот ги предвидува и нашите взаемни потреби од реализација на акции за помош при елементарни непогоди, каква што се случи во 2023 година во областа Корушка во Словенија кога беа поплавени стотици домови на граѓани во овој дел од тамошната држава и за 24 часа Македонска бригада составена од акцијаши ветерани се организираше и стигна во поплавеното подрачје за да учествува во санација на последиците. Исто така и во делот на изведување на поголеми доброволни акции за пошумување, за расчистување и оплеменување на локални јавни површини како и други потреби кои би го подигнале квалитетот на живот на граѓаните во локалните заедници во Скопје, Велес, Штип и во областа Корушка во Република Словенија, рече Делчо Костов претседател на ЗГ „Велешки акцијаши“.


Документот беше потпишан на главниот настан на Средбата на Екс –Југословенските бригадири во Рибнице на Похорје каде се одбележаa 80 години од доброволните младински работни акции во Корушка и во Република Словенија.
Убавка Јаневска


