ЦУК: 1.876 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие и апел да не се палат ниви и диви депонии
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.876 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 39,82%, а 60,18% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,91% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 59,83% „неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 58,55%, кон Итната медицинска помош 35,64%, кон пожарникарите 2,55%, а кон АМСМ 0,36% од повиците од 112 во ЦУК.
Во оваа прилика, ЦУК апелира да не се палат стрништа на нивите, а особено да не е палат отпадоци и диви депонии, особено во овој период од годината на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава. Тоа, покрај што е законски забрането, е од причина што палењето – пожарите на отворен простор се уште ги има. Мал број се, но, ги има. Во последното деноноќие, покрај тоа што пожарникарите од Штип и од Велес интервенирале на запалена ниска вегетација во Штипско и Велешко, пожарникарите од Скопје интервенирале на запалено ѓубриште на површина од 50 m2 во с. Бардовци, во Општина Карпош.
Дума.мк