Лице избегано од здравствена установа малтретирало семејство и Кавадарчанка ограбила возрасен маж во Велес
Полициски службеници на СВР Велес,вчера попладне, во 15:20 часот го лишиле од слобода Б.Ш.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека избегал од здравствена установа во Скопје.
Во меѓувреме, во полициска станица, Б.М.(34) од Велес пријавил дека едно лице дошло до неговата куќа, во која биле неговите ќерки и мајка, агресивно се однесувал и скршил прозорец од куќата.
По преземени мерки било констатирано дека се работи за лишеното лице.
„Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок,соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Таа додаде дека лицето Б.Ш. било спроведено во здравствената установа.
Пет часа претходно во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од лице И.„Н“ од Кавадарци. Според пријавата велешанецот и измамничката пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес за што тој и дал парични средства да ги чува. Жената ги земала парите и неговата австриска платежна картичка и си заминала.
Според Ѓаковска, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Убавка Јаневска