Дозавршување на конзервација на Теодосијанската палата во Археолошкиот локалитет „Стоби“ и нејзина соодветна туристичка презентација
Објавено: 17 април, 2026, во 16:24 часот
Министерот за култура, Зоран Љутков заедно со донаторите извршија увид во тековните активности во Археолошки локалитет „Стоби“. Таму се врши конзервација на Теодосијансната палата со 500.000 долари на донатори а од нив 100.000 долари се од Американскиот институт за римска култура кој се финасира со средства на Илон Маск. Останатите 400.000 се обезбедени од „Џ.М Каплан фонд“ чии претставници кажаа дека Стоби е вистинска реткост и во него вреди да се вложува.
Според Министерот Зоран Љутков, министерството за култура и туризам учествува во финансирањето на Годишната програма за работа на НУ Стоби со вкупна сума од 8.600.000 денари со кои што се финансираат седум проекти од областа на заштитата на културното наследство, 900.000 денари за четири проекти од областа на музејската дејност и 900.000 денари за набавка на опрема за конзерваторска лабораторија.
„Стоби не е само археолошки локалитет – тој е наша шанса да го претставиме културното наследство како двигател на туризмот. Со неговата стратешка поставеност на автопатот Е-75, имаме уникатна можност илјадници транзитни патници да ги претвориме во посетители. Нашата цел е јасна – Стоби да стане неизбежна туристичка станица на Балканот“, рече министерот Љутков.

Во „Стоби“ планирано е да се отвори Центар за посетители во септември, годинава за да се претстави дел од културното наследство на локалитетот кое досега беше невидливо за посетителите, да се привлечат повеќе посетители и да се обезбеди поголема видливост како и финансиска поддршка за заштитата на локалитетот.

И покрај инвестициите и зголемениот интерес, условите за посетителите на Стоби, особено во летните и пролетните месеци, сè уште се предизвик.
Убавка Јаневска

