ЦУК: Зголемен број повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие вкупно 2.146
Објавено: 3 јануари, 2024, во 08:55 часот
Согласно последниот извештај, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.146 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив, „реални“ повици биле 42,26%, а 57,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Според генералната природа на итните случаи, кон Полиција биле упатени 48,66%, кон Итната медицинска помош 45,97%, а кон пожарникарите 3,07%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,30% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 57,74% – вкупно на број 1.245 повици, (за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 934), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).
Дума.мк

