Студено и ведро со максимална температура до 9 степени

Објавено: 2 јануари, 2020, во 10:08 часот

studena zima fin

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната ќе се искачи само до 5-тиот степен.

Утринава, температурите речиси во целата држава се под нулата. Најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија 1 степен. Во Петровец кај Скопје измерени се -3 степени, а на Зајчев рид -2 степена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.