Топло и ведро утро во Македонија, во Велес температурата не падна под 20°C
Објавено: 19 јуни, 2026, во 09:17 часот
Територијата на Македонија полека подпаѓа под влијание на умерен топлотен бран од Африка. Денешното утро петок, 19 јуни беше релативно топло во Македонија со измерени релативно високи минимални температури на воздухот, пишува Метео аларм.
-Највисока минимална температура утрово до 8 часот беше измерена во Велес, и тоа 20 степени. Најниска минимална температура во исто време беше измерена во Берово, и тоа 7 степени.нВремето беше ведро со појава на мала до умерена локална облачност. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


