(фото) Новороденчето во Велес и мајката Ивана Јакимовска се добро, ги примија и традиционалните подароци
Денеска во 12:30 часот на Гинеколошко Акушерското одделение во Општа болница Велес се слушна првиот плач на штотуку родено бебе. Дваесет и девет годишната Ивана Јакимовска од светиниколското село Пеширово, спонтано донесе на свет здраво машко бебе коешто е првото родено бебе во велешката болница во 2024 година. Новороденчето тежи 3 килограми и 280 грама и е 53 сантиметри. Тоа е трето дете во семејството Јакимовски и има две поголеми братчиња Дарио и Ивица.
-Се чуствувам добро. Нашето семејство се зголеми за уште еден член. Се уште немаме одлучено како ќе се вика третиот син. Кога ќе се вратиме дома, заеднички ќе одлучиме кое име ќе му го дадеме, рече мајката на новородечнето Ивана Јакимовска.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, меѓу првите ја посети родилката на којашто традиционално и подари штедна книшка со 15.000 денари, големо плишано мече како и други разни подароци. Исто така, и честита за третата рожба и и посака многу здравје и среќни денови со своето семејство.
Првото бебе во велешката болница доби подароци и од повеќе сограѓани коишто ги имаа доставено до Гинеколошко Акушерското одделение пред ноговогодишните празници.
На првото новороденче во Велес се чекаше четири и пол денови.
Стефани Манева