Претежно сончево со ниски утрински температури, а максималната дневна до 14 степени

Објавено: 3 јануари, 2020, во 08:17 часот

VelesEzero Mladost

Претежно сончево со ниски утрински температури, а максималната дневна од 12 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран. Во Охрид до 10, Штип до 9, Скопје, Битола и Тетово до 8… Ова е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе се задржи сончево со услови за утринска магла по одделни котлини и со максимална температура од 14 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Под влијание на студена воздушна маса, в недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, особено со ниски утрински температури, кои може да се спуштат и до –12.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.