Зголемен паричниот износ за првороденчиња во Берово
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски додели ваучер од 6.000 денари на семејството на првороденото бебе годинава во општината.
Дополнително, семејството Алимановски ќе добие и средства во износ од 5.000 денари, согласно програмата за социјална заштита, во насока на поттикнување на наталитетот во општина Берово. Посетувајки ја малата Хана, која е првородено дете во домот на Танкица и Рамче Алимановски, Пекевски изрази надеж дека годинава ќе се зголеми наталитетот во Берово.
– Како општина се трудиме да дадеме силен поттик на младите брачни парови, за зголемување на наталитетот. Во таа насока го зголемивме износот на средствата за секое новороденче, чии родители се жители на општина Берово, од досегашните 3.000 на 5.000 денари, додека првороденото дете го следува и ваучер од 6.000 денари, истакна Пекевски.
Првото родено бебе во Берово годинава е тешко 2,5 килограми, а на свет дојде неколку часа по полноќ, на првиот ден од годинава во Штипската клиничка болница.
Неколку дена после првороденото, во Берово се родија уште две деца.