Се удави неготински рибар во Вардар кај село Црвени Брегови
Објавено: 4 јули, 2026, во 12:18 часот
Во паѓањето на Ј.К (66) од Неготино во Вардар, додека рибарел, се посомневал неговиот 42 годишен син откако не успеал да го добие на телефон и во потрагата по него го открил местото на кое што затекнал дел од опремата за рибарење во водите на реката.
„На 03.07.2026 година, околу 20:00 часот, во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино.На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица се преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20:00 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


