За прв пат во Велес, заедничко чествување на Свети Трифун во Младински парк
Објавено на 6 февруари, 2024 во 09:44
За прв пат, оваа година, Општина Велес организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Како што соопштија, во среда, на 14 февруари, во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарии но и во вкусната храна на штандтовите.
-За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти. Повеќе детали околу програмата ќе бидат објавени наскоро, додаваат од Општина Велес.
Инаку, на овој големиот христијански празник, традиционално се закројуваат лозјата во чест на Свети Трифун – заштитникот на лозарите.
Стефани Манева