Приведен кавадарчанец кој извршил полов напад врз жена, друг се степал и оштетил две коли
Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен информира дека вчера, на 26 февруари, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и едно годишниот Ј.А поради сомнение дека извршил полов напад врз 38 годишна жена од Кавадарци.
-Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Сабајле, во 04:25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода 28 годишниот Р.П од Кавадарци постапувајќу по претходна пријава од 19 годишната С.Џ.
– С.Џ. пријавиле дека пред нивниот дом, Р.П физички го нападнал нејзиниот сопруг
И.В.(22) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила „форд“ и „опел астра“ и влезната
врата од домот. Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а
увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци. По документирање на
настанот против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Дума.мк