Метео прогнозер Поповски: Поголем влажен бран од медитеранот денеска и вечерва со обилни снежни врнежи на планините!
Планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, а особено оние над 2000 метри вака ќе изгледаат со новиот влажен бран кој ќе не зафати во текот вечерта, ноќта кон петок и во текот на утрешниот ден, прогнозира Славчо Поповски.
„На планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, ќе има обилни врнежи од снег, со што ќе се формира и позначителна снежна покривка, особено на оние планини со надморска височина од над 2000 метри, и тие кои се наоѓаат во северозападните, западните и јужните предели од Македонија. Се очекува снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантимери! Инаку на пониските места ќе врне дожд, и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и јужните предели од државава, каде локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Се ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од југоисточен праве со брзина од над 60 км/час,“ соопшти Славчо Поповски, метео прогнозер.
Дума.мк