Велешанка украла пари од маж со кој претходно била во врска
Објавено на 29 февруари, 2024 во 11:56
Четириесет и три годишната Ц.Л од Велес, вчера, во 10:30 часот била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес поради сомнение за сторено кривичко дело „кражба“.
-Според пријавеното, од домот на С.Д.(62) од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари.
Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање
на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк